Вучиќ: Она што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем
Објавено во: Балкан 28 Април, 2017
Она што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем, туку е проблем на сите нас кои живееме тука, изјави српскиот премиер, кој е избран за претседател, Александар Вучиќ.
Тој апелираше до граѓаните на Македонија да ги решаваат проблемите на мирен начин.
„Како претседател на Владата на Србија и како избран претседател на
Република Србија секогаш сум правел се за одржување на најдобри
односи меѓу Белград и Скопје, меѓу Србија и Македонија. Мислам дека
граѓаните на Македонија добро го знаат тоа и дека го почитуваат
начинот на кој Република Србија се однесува кон граѓаните на
Македонија, а и кон самата земја. Многу сум загрижен поради
синоќешните случувања и мојата единствена порака е, а мислам дека
луѓето во Македонија добро знаат дека тоа доаѓа од нивен искрен
пријател, да ги замолам сите проблеми и несогласувања да ги
решаваат на мирен начин, и ако имам какво било право да кажам
дека смирувањето на ситуацијата сосема сигурно е во најголем
интерес и за Македонија и за нејзините граѓани“ -рече тој.
Тој истакна дека, „ова веќе не е само македонски проблем, туку
станува проблем и на сите нас кои живееме тука и најдобро е веднаш
да ги прекинеме сите проблеми и да обезбедиме мир и стабилност за
нашите деца“.