Вучиќ додека чека болнички извештај од Митровица: Добро е што нема жртви
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2022 19:59
Српскиот претседател Александар Вучиќ за денешните тензии на Косово, вели добро е што нема жртви.
Тој од Тирана изјави дека е запознаен со последните случувања на Косово и додаде дека тоа е спротивно на Договорот од Брисел, објавија српските медиуми.
„Не ми е јасно зошто сакаат да прават тензии секоја недела. Не ни претстои лесен период. Остануваме заедно со нашите луѓе во КиМ, но исто така е важно да се обидеме да се договориме за се што е можно со Албанците, да го зачуваме мирот. Се надевам дека Мирослав Лајчак денеска ќе ја има својата улога како и досега“, изјави Вучиќ.
Вели сега е мирно, а се чека извештај од болничкиот центар во Митровица. Српскиот претседател кажа дека според Бриселскиот договор, косовските полицајци не можат да влезат на север без согласност на четворицата градоначалници. Кажа дека тие не побарале ниту еден од четворицата градоначалници.
„Очигледно не побарале ниту од КФОР. Се обиделе да упаднат во општинските изборни комисии, да ги окупираат зградите, граѓаните секако се побунија. Никој не знае зошто мораше да го направат тоа, но сакаа да го направат тоа, потоа имаше помали судири и потоа косовските полициски сили се повлекоа“, рече Вучиќ.
Сирени и истрели денеска имаше во Косовска Митровица и Лепосавиќ. Засилено е присуството на ЕУЛЕКС и КФОР.Инаку, Вучиќ не беше сигурен дали да оди во Тирана, а претходно го навреди косовскиот премиер Албин Курти.
Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




