Втор ден по ред во Македонија има повеќе излекувани отколку заболени од корона
Објавено во: Македонија 21 Април, 2020
Втор ден по ред во Македонија има повеќе излекувани отколу новозаболени на дневна основа од корона вирусот.
Регистрирани се 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови, додека потврдени се само 7 нови случаи на ковид 19.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја е 1231. Новите регистрирани случаи се во Куманово - 2, Тетово - 3 и Кочани - 2
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.
Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на ковид -19.