Врховен суд одлучил дека Јанкулоска треба да оди в затвор
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020
Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација за случајот “Тенк”, со која Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, беше осудена на 4 години затвор.
-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска..
Јанкулоска пред една година поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот со набавка на фамозниот мерцедес од 600-тини илјади евра, а правосилно во затвор не можеше да ја отслужува казната се додека не беше донесена одлука за пресудата од Врховен суд.
Првостепено поранешната министерка бепе осудена на 5 години затвор од Апелација, но одлуката беше потоа намалена на 4 години.