Вреќи за спиење, чаеви, овошје…Што им треба на студентите за вечерва?
Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2015
Одамна напоменаа дека не се наивни и го направија драстичниот чекор кој го најавуваа во изминатите денови - Прогласија Автономна Зона и ги окупираа факултетите. Со вреќи за спиење тие дојдоа пред кампусот на УКИМ и ја земаа контролата над факултетите во нивни раце.
Студентите остануваат на Филозофски/Филолошки факултет се додека не се исполнат нивните барања. Така, доколку сакате да донирате продукти ова е листата на работи кои им се најпотребни:
1. Вреќи за спиење 2. Плинско и плински боци 3. Леб и лиснати продукти 4. Продукти за правење сендвичи 5. Чаеви 6. Овошје 7. Ќеси за ѓубре 8.Пластичен прибор за храна
„Студентите ќе бидат на факултетот секојдневно, така да може да поминете во текот на целиот ден. Набрзо ќе следи и алтернативниот студентски курикулум, каде ќе може да се информирате какви активности ќе има овие денови“, стои во соопштението на Студентскиот пленум.