19 Мај, 2024
0.0316

„Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“ Нова кампања на РСБСП за улогата на жената во безбедноста во сообраќајот

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2019

Добивај вести на Viber

8 Март е меѓународен ден на жената, светски празник што секоја година ја обележуваборбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Денес жената е рамноправна со мажите на многу полиња на делување, дури и поделбата на машки и женски работи е сведена на минимум, или воопшто ја нема.

Кога станува збор за сообраќајот, жената е рамноправен учесник во него како возач, мотоциклист, велосипедист, пешак, а бројот на професионални жени-возачи, секојдневно се зголемува. Според статистичките податоци пак, жените се побезбедни учесници во сообраќајот од мажите, помалку прават грешки со фатални последици и помалку страдаат во сообраќајни незгоди.

Затоа, слободно можеме да кажеме дека, учеството на жената во сообраќајот во улога на дежурен едукатор (родител, сопруга, сестра, другарка...) кој неизмерно се грижи за своите најблиски, е најважната улога со која активно и рамноправно учествува во сообраќајот.

„Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“, „Стави појас да не те мислам!“, „Вози полека и чувај се!“, „Немој да пиеш, не заборавај дека возиш!“, „Немој да зборуваш на телефон кога возиш!“

Овие реченици добро ни се познати на сите. Сме ги слушале на секое излегување од дома, сме ги кажале на нашите блиски кога излегувале од дома. Грижата за здравјето и животот на најблиските, грижата за безбедноста, пружањето љубов и внимание, сепак остануваат примарна улога на секоја жена. Да внимаваме во сообраќајот толку - колку што таа се грижи за нас, многу нешта би биле поинакви кога станува збор за безбедноста во сообраќајот. 

Во чест на сите жени, а по повод празникот 8 Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата најавува нова кампања посветена на жените и улогата на жената за безбедноста во сообраќајот.

Во склоп на кампањата ќе бидат реализирани едукативни настани за едукација на жените возачи, активности за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси, едукативни активности за поголема и правилна употреба на детските седишта во автомобилот, оспособување на жените правилно да ги советуваат децата во сообраќајот и др. Кампањата ќе опфати и активности за подигање на свеста за почитување на жените како рамноправни учесници во сообраќајот. 

Кампањата ќе биде поддржана од јавни личности, ќе бидат организирани јавни настани во Скопје Сити мол и на плоштадот Македонија. Активности се предвидени и во образовните институции, на електронските и на социјалните медиуми, предвидени се отворени дискусии, предавања и сл.

Целта на кампањата е да се сврти вниманието на јавноста, да се почитува мислата, зборот и советот на жената: „Чувај се себе и чувај ги другите учесници во сообраќајот! Биди одговорен и внимателен возач, почитувај ги сообраќајните правила и прописи. Секогаш и секаде!“

РСБСП со апел до сите припаднички на понежниот пол да не престануваат да се борат за својата рамноправност, но и да не престануваат да се „борат“ за доброто на своите најмили, коригирајќи ги нивните постапки и давајќи им личен пример за повисока сообраќајна култура и побезбеден сообраќај.


Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст