26 Април, 2024
0.0305

ВОЗЕЊЕ НАД 70 ГОДИНИ - Еве што треба да знаат повозрасните граѓани

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Ако имате 75 години и сакате да извадите возачка дозвола, таа ќе може да биде издадена со важност од максимум пет години.

Или, граѓаните автомобил ќе можат да возат само додека не наполнат 80 години. После тоа, овие лица ќе мораат да користат автобус, такси, или, пак, едноставно да пешачат. Над 80 годишна возраст издавањето возачка во никој случај нема да биде дозволено, дури ни доколку некои од граѓаните и тогаш се чувствуваат витално.

Со измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, кои сега се во собраниска процедура и ќе стапат на сила откако ќе ги изгласа Собранието, се продолжува старосната граница за вадење возачка дозвола, од 70 - на 75 години.

Но, што конкретно носат новините за повозрасните граѓани?

Според сегашниот закон, возачка дозвола се издава на возачи до 70 години, а после таа возраст само со лекарското уверение. Односно, граѓанинот мора на секои три години да ја продолжува дозволата, откако претходно тоа ќе му се дозволи по прегледот на неговата здравствена и психофизичка состојба. Значи, се зависи од тоа што ќе констатираат лекарите во уверението што го издаваат.

Со законските измени, пак, кога ќе бидат изгласани, ќе настапи следнава ситуација. Возачките дозволи во принцип ќе се издаваат со важност од 10 години.

Но, доколку граѓанинот има над 70 години, возачката дозвола ќе му се издаде на период соодветен на оној додека не наполни 75. Значи, ако во моментот кога ќе треба да ја вади дозволата има 72 години, таа ќе му се издаде со рок на важност од три години.

Кога лицето, пак, има наполнето 75 години и сака да дојде до возачка, таа исто така му се издава со рок од максимум пет години. Бидејќи во секој случај претходно мора да извади лекарско уверение, доколку лекарот во него констатирал дека граѓанинот ќе биде психофизички способен да вози и во следните пет години, возачката се издава на пет години. 

„Во спротивно, пак, ако лекарот смета дека тоа е предолг период и треба порано да се направи контрола, ќе препорача возачката да биде издадена на пократок рок, на пример, една, две или три години“, објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Кога возачот ќе дојде за ново продолжување на дозволата наредниот пат, исто така се прават проверки, и зависно од наодот, возачката се издава на рок за кој лекарот смета дека е соодветен. Но, возачка нема после 80 години.

Инаку, измените на Законот за безбедност во сообраќајот се на предлог на Министерството за внатрешни работи, а само делот за продолжување на старосната граница до 75 години е на иницијатива на група пратеници. Законските измени се усвоени на владина седница и се испратени до Собранието, а вчера им биле доставени и на народните избраници.

Измените на Законот ќе одат во редовна постапка, што значи дека прво ќе треба да ги разгледува матичната собраниска комисија, па други надлежни комисии, а дури потоа ќе се најдат на усвојување на пленарна седница.

А со овие законски измени се предвидени и други новини. Па така, со него времено ќе бидат одземени возила кои предизвикуваат голема бучава и го нарушуваат јавниот ред и мир. Предвидени се и значителни намалувања на казните и тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци, кои остануваат исти. 

Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но и граѓаните, и тоа преку определување на  место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со нив, како и обврската за користењето на заштитни средства.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“