15 Мај, 2024
0.0332

Воз од чоколадо долг 34 метри

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Во Гинисовата книга на рекорди влезе најдолгиот сладок воз, кој е изработен од 285 килограми најквалитетно белгиско чоколадо и 784 часа работа.

Авторот на ова чоколадна композиција е Ендрју Фаруг.

Возот е долг 34 метри, што беше доволно да го урне светскиот рекорд, како најдолга структура направена од чоколадо и да се впише во Гинисовата книга на рекорди, пишува „Дејли Мејл“.

Макетата е изложена во Брисел на отворањето на неделата на чоколади.