02 Мај, 2024
0.0273

Воспаление на уво кај бебиња. Што да превземете ?

Објавено во: Стил 19 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Воспалението на увото може често да се јави кај малите деца односно кај бебињата. Статистички гледано повеќе од 70 % од бебињата до својата 3 година барем еднаш добиваат воспаление на увото. Сиптомите често се нејасни, проблематични, а може да дојде и до компликации доколку ненавремено се забележи и не се лекува.
Како да препознаам воспаление на увото кај моето дете? Воспалението на увото дава многу нелагодни чувства кај детето, а доколку се работи за бебе многу е потешко да се открие за што се работи бидејќи самото не е во состојба да ви покаже што го боли. Еве некои симптоми кои се јавуваат при воспаление на средното уво кај бебе. Силен плач и реакции на болка и при многу мало потегнување за увото
  • Одбивање на храна бидејќи воспалението на увото го прави голтањето болно
  • Покачена темперетура
  • Воспаление на грлото
  • Течење на носот
Овие симптоми се често пропратни кога се работи за воспаление на увото кај бебе и треба навремено да се препознаат. Бабето има сеуште неоформен имунитет, па затоа тоа лесно може да страда од инфекции и истите многу лесно можат да предизвикаат компликации. Третман Кај воспаление на увото задолжително треба да се посети лекар. Оваа состојба најчесто не е сериозна и воспалението не остава последици кај бебињата бидејќи обично се јавува како последица на воспалено грло или други воспалениа, кои откако ќе се излечат ќе биде излечено и увото. Сепак, не смеете да се препуштите на тоа, лекарот мора да го прегледа болното уво на бебето и по потреба ќе му препише антибиотик капки и одредени лекови кои ќе ги смират болките кај детето.