Вонредна состојба прогласена во Калифорнија
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2014
Гувернерот на Калифорнија Џери Браун денеска прогласи вонредна состојба во оваа сојузна американска држава, поради најтешката суша во последните сто години, откако се води статистика.
Сушата тешко го погодува земјоделското производство во Калифорнија, додека шумите ги голтаат пожари.
Прогласувањето вонредна состојба и овозможува на Калифорнија да добива и помош од федералните органи во борбата со сушата.
Гувернерот Браун апелираше на граѓаните на Калифорнија потрошувачката на водата да ја намалат за барем 20 отсто.
Голем пожар вчера сосема се приближи во дел на Лос Анџелес, оштетувајќи неколку куќи, поради што е организирана евакуација на локалното население.