Добивај вести на Viber
Весникот „Волстрит журнал“ пишува дека заработката на американските банки во 2013 година може да го надмине преткризниот рекорд од 145,2 милијарда долари, кој беше регистриран во 2006 година.
Минатата недела беа објавени корпоративните извештаи за 2013 година на најголемите банки во САД, а нивните заработувачки се блиску до рекордните.
Голдман Сакс , Бенк оф Америка ,Џеј Пи Морган, Велс Фарго, Ситигруп, Морган Стенли лани заработиле 76 милијарди долари, што е за шест милијарди долари помалку во споредба со 2006 година.
Дали американските банки успеале да го соборат рекордот ќе се знае, откако и останатите банкарски компании ќе известат за своите финансиски резултати, додава весникот.