fake panerai watches Volkswagen ќе го прекине производството на хипи ван Kombi
02 Мај, 2024
0.0245

Volkswagen ќе го прекине производството на хипи ван Kombi

Објавено во: Стил 21 Август, 2013

Добивај вести на Viber

На крајот на годината Volkswagen ќе го прекине производството на хипи ван Kombi верзијата во погоните во Јужна Америка, познат во Европа како T2, соопштија од бразилската филијала на компанијата.

Одлуката е донесена од страна на раководството на Volkswagen, поради влегување во сила во 2014 година на нови мерки за безбедност во јужноамериканската земја. Според нив сите продадени автомобили во Бразил, треба да располагаат со ABS и најмалку две воздушни перничиња - за возачот и патниците до него. Шефот на производотство на Volkswagen, во Бразил, изјави дека за да одговори Kombi на барањата, тој мора да се претвори во „сосема нов автомобил“, објави „Автоплус“.

 

За да го одбележи крајот на најдолго произведуваниот автомобили во историјата (Kombi се произведува во Бразил од 1957 година), Германците најавуваат нова специјална серија. Таа ќе го добие името Last Edition и се одликува со двобоен екстериер, бели гуми, малку затемнети задни прозорци и посебно брендирање.

 

Ќе бидат произведени над 600 примероци, а секој од нив ќе располага со посебен сертификат за автентичност.