Волци распарчиле британска туристка во Грција
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2017
Волци изеле Британка која била во посета на Грција.
Во саботата се најдени остатоците на британска туристка во близина на селото Петрота во Тракија, на околу 285 километри источно од Солун.
Во близина е најден пасошот на Силија Лоис Холингворт (65) која ден претходно била пријавена за исчезната од Британската амбасада.
Судскиот вештак, Никос Кифнидис вели дека бруталноста на животните била толку жестока што двете бутни коски на жената биле скршени во нападот, а недостига и голем дел од телото. Ова укажува на фактот дека тоа не би можело да биде напад на кучиња како што се мислеше претходно.