17 Мај, 2024
0.0274

Војната ќе и зададе силен демографски удар на Украина

Објавено во: Свет 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Поради војната, Украина ќе претрпи големи демографски штети. Демографот Дончо Герасимовски вели дека во нормални околности, луѓето мигрираат поради повисоки плати, подобри услови за живот, но сега имаме присилно раселување. Објаснува дека од Украина ќе избегаат младите и работоспособните луѓе, а тоа понатаму ќе се одрази на недостигот на работна сила, но и наталитетот ќе се намали. Демографот додава дека во земјата ќе се создадат празни простори, во оние делови каде се војува и каде градовите се разрушени, а поради психолошкиот момент, и стравот, смета дека и во соседните региони и градови, ќе дојде до осипување на населението.

„Ако сакаме да ја видиме демографијата јас велам дека треба да ги фрлиме бројките во просторот, да видиме колку имаме младо население, мажи, жени, која е структурата на населението, степенот на образование итн. Секоја војна води до демографски промени, затоа што има убиени и раселени лица. Ќе замине млад, работоспособен и образован кадар, ќе останат постарите луѓе, а со тоа ќе се намали и наталитетот. Војните доведуваат и до одредени верски и етнички промени на структурата на населението“, вели Герасимовски.

Според објавените податоци, 6,7 милиони луѓе во Украина се внатрешно раселени. Европа очекува и до 8 милиони украински бегалци на кои ќе им треба засолниште. Голем дел од бегалците заминаа во Полска, Словачка, но и Германија, Шпанија и други земји. Над 2,1 милиони луѓе избегаа во Полска во последните три недели. Во Германија досега пристигнале околу 200.000 бегалци од Украина, главно жени и деца. Италија планира да смести стотици илјади луѓе во поранешните мафијашки имоти. 

Доколку овие луѓе најдат извор на егзистенција во некоја од споменатите земји, прашање е дали воопшто по завршувањето на војната би се вратиле во Украина, која и онака немаше добар стандард. Имаше и случаеви каде жени кои избегале од Украина, се породија во земјите кои им пружија засолниште. Многу од семејствата заминаа со мали деца.

Закрепнувањето од војните е долг процес. Ако го погледнеме примерот со војната во БиХ, таму по завршувањето на конфликтот, голем број граѓани се откажуваат од босанското државјанство, со цел да станат државјани на Германија, Австрија, Словенија. За 2 децении изгубиле над 90.000 државјани.

Сања Атанасовска

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра