18 Мај, 2024
0.0449

Водечка прехрамбена компанија ќе го зголемува наталитетот во грчките села

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Водечка грчка прехранбена компанија „Јотис“ и непрофитната организација HOPEgenesis во четвртокот објавија програма со цел зголемување на наталитетот во оддалечените делови на Грција.

Преку програмата наречена "Надежта е родена", Јотис ќе "згрижи" 86 села во регионалните единици Евританија, Фокида и Евија во Централна Грција и Арта во Епир, во смисла дека ќе ги покрие сите трошоци на локалните бремени жени , нивните тестови и породувања, како и болничките трошоци (вклучувајќи и превоз).

Јотис, исто така, ќе ги покрие потребите за храна на децата родени во тие 86 села за првите две години. Програмата во целост ќе трае четири години, а трошоците по мајка се проценуваат на околу 4.000 до 5.000 евра.

Единствениот критериум за вклучување во програмата е тоа што мајките треба да бидат постојани жители на овие села.

"Нашите мотиви се нашата вера во Грција и нашата посветеност на поддршката на нашата татковина", рече комерцијалниот директор на „Јотис“, Мариос Папатанасиу.

Осврнувајќи се на демографската криза во Грција, основачот на HOPEgenesis, д-р Стефанос Хандакас, истакна дека со сегашната ниска стапка на наталитет, 30 проценти од населението во Грција ќе биде над 55 годишна возраст во 2035 година, при што бруто домашниот производ ќе биде намален за 5,54 проценти поради проектираното намалување на населението.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа