19 Мај, 2024
0.0270

Водата најскапа во Хрватска

Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Убедливо најскапа вода за домаќинствата во регионот плаќаат граѓаните на Хрватска, додека во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина цената на водата е иста и значително пониска од Хрватска, но поскапа од Македонија и Албанија.

Според податоците на надлежните служби во Загреб, услугата на снабдевање со вода за пиење во хрватската престолнина се наплаќа 4,68 куни за кубик, односно 0,60 евра, за канализација се плаќа една куна, за услуга на прочистување 1,28 куни, што со ДДВ и други трошоци вкупно изнесува 15,8 куни, односно 2,05 евра.

Цената на водата во домаќинствата во Загреб е поскапа во споредба со другите градови во регионотм најмногу поради додатните трошоци, пренесуваат регионалните медиуми.

После хрватската престолнина следи Подгорица каде, според податоците со кои располага градски Водовод и канализација, цената на водата по метар кубен за домаќинствата изнесува 0,40 евра, за канализација се плаќа 0,20 што е вкупно околу 0,60 евра, пренесува РТЦГ, повикувајќи се на изворите на агрнцијата Анадолија.

Бо БиХ цените на водата  се слични на оние од Црна Гора, а од Кантоналното комунално претпријатие Водовод и канализацијс Сараево прецизирале дека вкупната цена на вода за категоријата домаќинства е 1,7 конвертибилни марки, односно 0,59 евра.

Цените на водата во Мостар се малку повисоки од цените во Сараево, па моменталноважечки износ по метар кубен и одвод на отпадните води за домаќинствата вкупно изнесува 1,27 марки (0,64 евра). Инаку, според податоците на Светската банка за 2012 година, БиХ во регионот на Балканските земји е со најголеми количини на вода за пиење по жител.

Во престолнината на Србија кога се соберат трошоците, цените се речиси идентични како и во Сараево. Според сајтот на Белградски водовод и канализација, цената на куби вода изнесува 51,36, а одвод на отпадни води 20,76 динари, без ДДВ. Така со пресметан данок тоа изнесува 72,12 динари, што е според актуелниот девизен курс околу 0,58 евра.

Од друга страна, цената на вода за домаќинствата во земјите на регионот во просек најефтини се во Македонија и Албанија. Во Скопје водата е значително поефтина од водата во Загреб и Мостар.

Според примерот, граѓаните во Загреб за 10 метри куби би морале да платат околу 20 евра, во Подгорица шест, додека жителите на Албанија и Македонија за таа количина би требало да издвојат само 3,8 односно 3,9 евра.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија