Во текот на зимата може да се појави нов сој на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Јули, 2021
Можно е во текот на зимата да се појави нов сој на коронавирусот.
Претседателот на научниот совет Жан-Франсоа Делфреси, која ја советува француската Влада предвидува можна нова варијанта во текот на зимата, јави дописникот на МИА.
„Ќе победиме против ковид-19, но ќе мора да бидеме трпеливи. Враќањето во нормала е можеби за 2022, 2023 година“, вели Жан-Франсоа Делфреси, во интервјуто за БФМТВ и РМЦ.
Професорот во просек стравува од 50.000 новозаразени дневно на почетокот на август. Вели дека нема брзо решение за делта сојот. Сега во Франција има повеќе од 20.000 новозаразени дневно.
Досега има 11 соеви, од кои 5 се опасни.
foto unsplash