18 Мај, 2024
0.0500

Во Собранието изгласан законот со кој ќе можеме да ја доведеме вакцината на „Фајзер“

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Со 70 гласа „за“ од исто толку присутни пратеници, попладнево во Собранието беше изгласан предлог-законот за лекови и медицинските средства по скратена постапка со кој ќе се дозволи увоз на вакцини против Ковид-19, пред се оние на „Фајзер“.

Со ова законско решение ќе се овозможи издавање одобрение за ставање во промет на вакцини од подносителот на барањето кој нема седиште на територијата на Македонија. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека оваа законска измена доцни 100 дена 

- Од 15 октомври поминати се 100 дена. Ако започнеше на 24 декември, како што започна вакцинацијата во повечето земји,до денес ќе спасевме еден, два или десет човечки животи. Не сме емиграциска држава каде што можеме таа бројка да ја покриеме од 2.900 починати до денес. Претседателот Стево пендаровски рече дека сме мал пазар, но мал пазар се и Исланд и Малта, па таму има успешна вакцинација, рече Милошоски меѓудругото.

Бети Рабаџиевска Наумовска од владеачкото мнозинство рече дека оваа измена се прави поради тоа што компаниите производители на вакцината не сакаат да прават договори со локалните компании, туку смаите да аплицираат.

- Затоа тие ќе се набавуваат со интервентен увоз, а истите се проверени од своите национални институции од таму од каде што се произведуваат. Инаку лажна вест е дека до сега не можевме да ги добиеме оние 8.000 дози на „Фајзер“ од Србија поради тоа што не сме го довеле овој закон, туку е поради тоа што дозволата за таа колинина Србија треба да ја добие од „Фајзер“ за да ја препрати во други земји, рече Рабаџиевска Наумовска.


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност