Добивај вести на Viber
Дубаи продолжува со објавувањето на нови големи проекти. Според последните најави, се планира овде да биде изградено и највисокото панорамско тркако на светот, пренесува Блумберг.
Изградбата на „Dubai Eye“ ќе чини 272 милиони долари, високо ќе биде 210 метри, а Тркалот ќе биде поставено во центарот на проект вреден 1,6 милијарди долари, според соопштението на сајтот на шеикот на Емирати.
Целиот проект е наречен „Bluewaters", а покрај Тркалото, овде ќе се градат хотел, ресторани и центар за семејни забава на едно од новите вештачки острови во близина на брегот на Дубаи.
Изградбата на првата фаза на проектот ќе започне во април, а во втората е планирана и изградба на ниски станбени објекти на островот.
Конкуренција за највисокото Виенскиот тркало во светот е толку жестока што проектите се тргаат од листата на рекорди уште пред да бидат изградени.
Дубаи е трет град кој планира да го надмине рекордот на „Singapore Flyer" со висина 165 метри
Во септември и властите во Њујорк соопштија дека ќе градат 190-метарскиот тркало во Стејтон Ајленд во вредност од околу 500 милиони долари. Тоа ќе биде повисоко од “High Roller" во Лас Вегас, кое има височина 167 метри и сеуште се гради.
Панорамско тркало и во Скопје
Според плановите на Градот, во центарот на Македонската метропола исто така трена да никне Панорамско тркало. Сепак Тркалото ќе биде високо само 60 метри, со што ни оддалеку нема да биде конкурентно на ваквите Тркала кои рушат светки рекорди. Според програмата на градот, за Панорамското тркало се предвидени околу 580.000 евра.