08 Мај, 2024
0.0241

Во што вложува „Македонијатурист“ кога бизнисот од хотели паѓа?

Објавено во: Економија 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

„Македонијатурист“ ова полугодие направи преседан во своето долгогодишно пазарно работење. За прв пат финансиските приходи (дивиденди и камати н.з) се поголеми од оперативната добивка т.е. од заработката од хотелско сместување и угостителски услуги. Од дејноста најголемата хотелиерска компанија од јануари до јуни заработи околу 377.000 евра, а од камати и дивиденди доби 586.000 евра. Значи основната дејност веќе паѓа во втор план.

„Македонијатурист“, најголемата македонска хотелиерско-угостителска компанија, има приходи од дивиденди во акции и од камати на депозити поголеми од оперативната добивка, покажуваат официјалните податоци за првите шест месеци годинава. Финансиските приходи (камати и дивиденди н.з.) за шест месеци се 586.000 евра, а оперативната добивка на „Македонијатурист“ е околу 380.00 евра.

„Македонијатурист“ за прв пат досега, во корпоративната македонска историја, има биланс во кој финансиските приходи се поголеми од оперативната добивка на компанијата која управува со неколку хотели во Скопје. „Македонијатурист“ е компанија што стратешки подолго време оперира на пазарот на капитал во земјава и вложува во депозити, поседува и удели во инвестициски фондови и купува и акции со право на глас во домашни компании. „Македонијатурист“ чува над 19 милиони евра во краткорочни вложувања  и чува над 4 милиони евра во хартии од вредност. Од тоа над 3 милиони евра во овие 6 месеци компанијата вложила во удели во инвестициски фондови. Од вложувања во акции, компанијата соопшти дека вложиле околу 82.000 евра во акции на најголемата македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“.

Од паричниот тек се гледа дека компанијата од камати инкасирала 230.000 евра за шест месеци, а во истиот период приходите од дивиденди се над 316.000 евра.

Очигледно е дека сопствениците и менаџментот на „Македонијатурист“ иако работат угостителство и хотелиерство стратешки се позиционирале и во инвестиции во хартии од вредност и вложувања во депозити со цел да имаат и друг извор на приходи. Во случаи кога од хотелиерството, заради повеќе причини, нема да има приходи како што имало во минатото.

Како работела „Македонијатурист“ од јануари до јуни?

Од официјалните податоци се гледа дека приходите од продажба првите шест месеци годинава паднале за 5 отсто и изнесуваат 2,33 милиони евра. Во истиот период оперативните расходи изнесуваат 1,99 милиони евра и паднале само за 2 отсто во споредба со истиот период лани. Тоа значи дека на намалени приходи од 120.000 евра „Македонијатурист“ успеала да скрати само 43.500 евра расходи. Оперативната добивка во однос на лани паднала за 30 отсто и изнесува 377.000 евра или 172.000 евра помалку од лани. Дека работата не оди се гледа и по трошоците за вработени кои годинава во споредба со лани се пониски за 7 отсто!

Тука на сцена стапуваат финансиските приходи кои се „вијагра“ за „Македонијатурист“. За половина година од дивиденди и камати „Македонијатурист“ инкасирала 586.000 евра. Тоа е 60 отсто повеќе од истиот период лани. Со оглед на тоа дека компанијата нема финансиски расходи затоа што не е кредитно изложена спрема домашните банки сите овие средтва се додаваат на оперативната добивка и кога ќе се удри цртатата нето добивката на компанијата е речиси 1 милиони евра и е за 17 отсто поголема од истиот период лани. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката