Во што лежи клучот на успех на „Реплек“ ?
Објавено во: Економија 30 Мај, 2018
Кој е најзаслужен за успехот на Реплек АД Скопје чија главна дејност е трговија на фармацевстки производи и медицинска опрема?
Податоците упатуваат на фактот дека клучот за успех на „Реплек“ лежи во нејзината фирма ќерка.
„Реплек фарм“ носи над над 90 отсто од профитот на групацијата а само лани за прв пат извезе канабис за медицинска употреба за германски партнер и да обнови сертификати за пазарот на Руската федерација и на пазарите на Европската унија.
Официјалните податоци на компанијата покажуваат и дека минатата година „Реплек Фарм“ обезбедил приходи од 782,8 милиони денари и добивка од 119,2 милиони денари на „Реплек“.
„Реплек фарм“ е фабрика за лекови и хемиски производи, сертифицирана од Министерството за здравство за производство на лекови наменети за перорална и локална употреба во цврсти, полуцврсти и течни дозажни форми.
Кој во „Реплек“ ги прави големите пари?