16 Мај, 2024
0.0304

ВО ПУНКТОВИТЕ ВО СКОПЈЕ ПОВЕЌЕ ОД 7.000 ВАКЦИНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НАД 75 ГОДИНИ: Толку се пријавени, се чека старт на масовната вакцинација со АстраЗенека

Објавено во: Македонија 30 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Се очекува утре да почне масовната вакцинација на граѓаните над 75 години со вакцините кои викендов пристигнаа во Скопје од британско-шведскиот производител. Според извори на Фактор, дел од 24.000 вакцини на АстраЗенека веќе се дистибуирани во неколку вакцинални пунктови на Здравствен Дом-Скопје, а тоа е направено според бројот на пријавени лица. Предвид се земаат само оние над 75 години.

-Во поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и во поликлиниката „Чаир“, каде се врши имунизација во две смени веќе има одреден број дози од АстраЗенека. Така на пример, во „Букурешт“ има меѓу 3.700 и 3.800 вакцини, во „Јане Сандански“ меѓу 2.800 до 3.000, и во поликлиниката „Чаир“ околу 1000 дози од вакцините кои стигнаа во неделата. Ова е според бројот на пријавени граѓани кои имаат 75 години и повеќе, што значи дека во Чаир има најмала заинтересираност. Во секој случај ние во моментов располагаме со над 7.000 дози и целосно сме подготвени за почеток на масовната вакцинација, велат извори за Фактор од Здравствен Дом-Скопје.

Оттаму информираат и дека станува збор за 10-дозни вијали, односно од едно шишенце ќе бидат вакцинирани по 10 граѓани.

Во меѓувреме се подготвува Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за изведување на масовната вакцинација, а како што брифираат нашите извори, само од Здравствен дом-Скопје ќе има вакцинални тимови од осум лекари и осум сестри кои ќе бидат распоредени во две смени. Најверојатно, како што велат за Фактор ќе има медицински тимови и од други здравствени установи.

Истовремено, според нашиот извор, за масовна вакцинација најверојатно ќе се подготвуваат и други спортски сали и тоа во Битола, Тетово, Штип, и таму би се вакцинирале граѓани кои гравитираат во тие региони.

-Тоа е со цел да не се создава метеж и целата гужва да биде во Скопје, односно во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, вели изворот на Фактор.

Инаку, во неделата наутро на скопскиот аеродром пристигнаа првите 24.000 дози од АстраЗенека преку системот Ковакс, при што министерот за здравство Венко Филипче најави дека од среда, односно од утре почнува масовната вакцинација во Македонија.

Посочи и дека во април освен вакцините преку Ковакс механизмот, во Македонија  ќе пристигнат и вакцини преку системот на солидарност од ЕУ, се очекува да стигне одредена количина вакцини што ја најави Бугарија, како и вакцини од производителот Синофарм.

-Не се само овие вакцини коишто ќе стигнат во месец април. Сето она што очекувавме да се случи некое време порано еве се случува сега во месец април, претседателката на Европската Комисија во телефонски разговор со премиерот Заев, најави дека и таа количина од Европската солидарност, тоа се близу 20.000 вакцини ќе пристигнат до 15 април, еве има најава и за тие вакцини некоја одредена количина Бугарија која што ги најави навистина пред неколку месеци, кинеските вакцини исто така, така да верувам дека тоа ќе биде еден систем којшто навистина брзо ќе започне со работа. Процесот на вакцинација со Астра Зенека верувам дека ќе започне во среда кога ќе се завршат и сите формалности околу администрацијата, документите, дозволите за употреба согласно регулативата на Агенцијата за лекови за да имаме еден навистина добар систем на спроведување на процесот на вакцинација, истакна Филипче.

Министерот посочи дека дневно оптимумот е да се вакцинираат помеѓу 4.000 и 5.000 граѓани, а бројката може да стигне и до 7.000.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер