Во Прилеп се повеќе се бара работа
Објавено во: Економија 27 Јули, 2018
Во градскиот оддел на Агенцијата за вработување во Прилеп се пријавиле 413 нови невработени во текот на изминатиот месец, што е помалку само од Скопје, а во предвид треба да се земе и релативно малата невработеност во Градот под Марковите Кули на ниво на Македонија.
Според евиденцијата заклучена на 30 јуни, во Прилеп и околината во моментов работа бараат 6.764 лица.
Бројката на новопријавени е доста поголема во однос на другите поголеми градови, односно во споредба со оние кои имаат поголема стапка на невработеност, за што може поопширно да се прочита овдека.