19 Мај, 2024
0.0265

Во пресрет “Охридско лето”: Шпаркасе Банка со промотивни производи во експозитурата во Охрид

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Во пресрет на овогодинешното 54-то издание на фестивалот Охридско лето, Шпаркасе Банка ја продолжува традицијата на подржувач на културата и уметноста помагајќи ги најголемите и најпрестижните културни манифестации во земјава. Во фестивалските денови Шпаркасе Банка планира низа активности кои ќе се случуваат во Охрид. Специјални промоции и повластени услови со намалени каматни стапки и провизии за сите правни и физички лица кои ќе аплицираат во експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид, за времетраење на Фестивалот. “Ни претставува особена чест што сме дел од магијата на Охрид, спектакуларноста на Античкиот театар и врвната програма на овогодинешниот фестивал Охридско Лето. Покрај поддршката на Фестивалот, Шпаркасе Банка на сите нови клиенти – физички лица им нуди потрошувачки кредити со каматна стапка за 0,50% пониска од редовната, кредитна картичка со фиксна каматна стапка од 6% за првите 6 месеци и пречекорување по трансакциска сметка без провизија за одобрување, додека пак правните лица добиваат бесплатно одржување на сметка и електронско банкарство во првите 6 месеци, одобрување на кредити без провизија, како и бесплатни Visa Business картички. Со поддршката на „Охридско лето“, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани што го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на културата и уметноста. Нашата заложба останува активно да придонесеме кон развојот и унапредувањето на уметноста во земјата “ -  изјави г-дин Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија. Општествената одговорност е стратешки приоритет во корпоративното управување на Шпаркасе Банка Македонија. Иницијативите во доменот на вложување во општествени добра веќе се видливи и вклучуваат бројни проекти, меѓу кои и оние од доменот на развојот на културата, уметноста и филмот.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата