Во пресрет на Велигден цариниците на Богородица уловија шверцер на дрога
Објавено во: Балкан 18 Април, 2017
Цариниците на граничниот премин Богородица во пресрет на Велигден заплениле 7 килограми хероин .
Во рацете на царинската управа паднал српски државјанин кој излажал дека нема ништо да пријави.
Меѓутоа при претрес на возилото, најдени се вкупно 14 пакувања облепени со селотејп трака наполнети со кафеава прашкаста материја хероин .
Пакувањата биле скриени во два акумулатори, од кои едниот бил сместен под хаубата, а другиот во багажниот простор.
Шверцерот се здоби со кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.