14 Мај, 2024
0.0267

Во петокот гласаа, денеска пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на обвинителна клупа

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов - сега веќе исклучените пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во петокот гласаа за одобрување на отворањето на уставните амандмани во драматична собраниска седница, а веќе денеска повторно седнуваат на обвинителна клупа за настаните на 27 април лани кога ги отворија портите на законодавниот дом за да може толпата да влезе внатре.

Во меѓувреме, како што најави премиерот Зоран Заев, ќе започне институционализирањето на националното помирување низ собраниските процедури, па се очекува на овие тројца пратеници од Охрид и Вевчани да им донесе олеснителни околности.

Во Кривичниот суд денеска предвидено е во судницата да се прегледуваат видеоснимките од собраниските камери направени на 27 април. На минатото рочиште на 17 октомври беше испитуван загрозениот сведок С1, кој околу три часа сведочеше пред обвинителството, а останатите речиси шест часа одговараше на вкрстените прашања на одбраната. Јавноста беше исклучена од сведочењето на загрозенот сведок, а обвинетите ги застапуваа и бранителите по службена должност и нивните адвокати кои беа казнети со по 1.000 евра поради непочитување на судот. 

На обвинителната клупа се уште и Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар ВасилевскиНинџа и Митре Питроповски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада