Во овие два града живата се искачи до 37 степени
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2017
Најтопло денеска беше во Гевгелија и Демир Капија.
Во овие две општини се измерени температури од 37 степени. По нив следува Струмица со 35 степени, Скопје со 34, Штип, Битола и Виница со 33, Тетово, Прилеп и Претор со 32, Охрид и Тополчани со 31, Крива Паланка, Пожаране и Берово со 30, Ѓуриште со 28, Маврово со 27 и Лазарополе 25 со степени.
И следните денови се очекува топло време и висок УВ индекс.
Министерството за здравство деновиве апелираше граѓаните да се заштитат од топлотен бран.