Во оваа земја може да се пцујат политичари
Објавено во: Свет 02 Март, 2018
Австријците имаат право да опцујат политичар доколку може да ја докажат оправданоста на таквата акција, одлучи Апелациониот суд во земјата.
Вицеканцеларот на земјата и лидер на австриската крајна десница, Хајнц Кристихан Штрахе, обвини активисти на една радикална левичарска група дека јавно го навредувале на една манифестација кога осамна видео од инцидентот на социјалните мрежи.
Судот, кон кој било поднесено обвинението, тоа го отфрлило, а во понатамошна постапка одлуката ја потврди и Апелација.
„Правото на провокативен и шокантен начин да се изнесе политичко мислење претставува фундаментален дел од слободата на изразувањето“- стои во пресудатата.
Групата ја поздрави пресудата како победа на слободното мислење и изразување.