29 Април, 2024
0.0267

Во организација на Самит100 промовирана новата фаза на проектот EDISON eCity

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Непосредно пред почетокот на европската недела на мобилност, овој викенд во Целје беше лансирана нова фаза на проектот EDISON eCity - еден од најзначајните регионални проекти во областа на еколошкиот транспорт.

Настанот на кој присуствуваа бројни претставници на стопанството од регионот, заедно со државни претставници на Владата на Словенија и на Европската Унија, го организираше регионалната иницијатива Самит100 во партнерство со локалната власт на Целје и со Rotary клубовите од регионот.

Платформата ЕДИСОН (EDISON) настана во Словенија во 2015 г., како резултат на хуманитарна иницијатива во која за потребите на деца со инвалидитет во рентакар-услугите беа воведени електрични возила, модел BMWi13, со што се воспостави првата еколошка економија на споделување - еден од најбрзо растечките светски економски трендови. По инсталирањето на десет постојки за напојување на електричните возила во Словенија, оваа иницијатива беше претставена во рамките на Самит100 во Сараево, со план да се воведе електрификација на пат во должина од 2400 км, кој ги поврзува сите поголеми градови од регионот, од Љубљана преку Загреб и Белград до Скопје, Тирана, Приштина, потоа Дубровник, Сплит, Задар и Копар, а во април оваа година беше промовиран и проект eBelgrade. Минатиот викенд беа претставени првите резултати од платформата и беше лансирана фазата eCelje, со која проектот ЕДИСОН го продолжува поврзувањето во рамките на регионот на Југоисточна Европа.

На промоцијата на новата фаза, во Целје, присуствуваше и европската комесарка за транспорт, Виолета Булц.

Еден од творците и главните придвижувачи на проектот е д-р Изток Селјак, претседател на Управниот одбор на словенечката компанија „Хидрија“ , една од водечките европски компании од областа на автомобилската технологија, и потпретседател на Управниот одбор на Самит100.

Се наоѓаме во епохален период на голема трансформација на општество кое ќе се базира на обновливи извори на енергија и економија на споделување (sharing) и сите ние во регионот гледаме на тоа како феноменална можност  како поврзан регион да ја

искористиме можноста за брз раст. Проектот ЕДИСОН  денес е препознатлив  како еден од стратешки најважните проекти на еколошкиот транспорт во Европа, а ова го потврдува и денешното присуство г-ѓа Виолета Булц. , изјави Исток Селјак. “ЕДИСОН од регионот прави лабораторија за зелена мобилност, а успешните решенија можеме да ги презентираме и на глобалниот пазар”

Настанот во Целје е една од активностите во рамките на регионалната иницијатива Самит100, а во пресрет на неговиот шести регионален годишен собир, кој ќе се одржи во Скопје, на 16 и 17 октомври.

Самит100 на бизнис-лидерите на Југоисточна Европа претставува единствена деловна иницијатива која ги обединува најистакнатите бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија, со цел да ја позиционира регионалната соработка како приоритетна задача на дневниот ред на секоја Влада во регионот, кој ќе ја унапреди конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.

Оваа година во Скопје, овој настан ќе обедини повеќе од 150 бизнис и политички лидери од регионот, заедно со специјални гости од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (EBRD), Европската инвестициска банка (EIB), Норден, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд (MMF) и многу други, со цел

идентификување на клучните проекти и новите договори за новота доба, во согласност со слоганот на Самит100.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024