17 Мај, 2024
0.0347

Во МОН последен ден за доставување на барањата за настава со физичко присуство: Мастер-тренери ќе ги обучуваат колегите за онлајн настава

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска е последниот ден до кога училиштата треба да ги достават барањата до Министерството за образование и наука со податоци на бројот на ученици кои наставата сакаат да ја следат со физичко присуство.

Од МОН за Фактор велат дека сите барања ќе бидат разгледани, а потоа ќе ги достават до Владата која треба да го каже последниот збор, во кое училиште може да има настава со физичко присуство и за учениците од 4-то одделение па нагоре.

Согласно Планот и протоколите за организирање на учебната 2020/2021 година, рокот за достава на барања за организирање на настава со физичко присуство во училиштата за ученици од 4то и погорните одделенија, трае заклучно денешниот ден. Барања се уште се поднесуваат до надлежната Комисија, која работи интензивно на нивно разгледување. Комисијата треба да ја достави предлог одлуката по однос на секое барање, до Владата, која конечно ја усвојува. Во следните неколку дена МОН и претставници на Комисијата ќе се произнесат со повеќе детали по однос на целиот процес, велат од МОН за Фактор. 

И покрај тоа што дел од директорите на некои основни училишта, кои во текот на минатата недела остварија средба со министерката за образование, Мила Царовска, најавија дека ги исполнуваат сите критериуми за безбедна настава со физичко присуство за сите одделенија, не само за учениците од прво до трето одделение, сепак, од МОН велат дека за тоа допрва ќе се одлучува.

-Владина комисија одлучува кое училиште ги исполнува условите за започнување на училишната година со физичко присуство, согласно однапред утврдени критериуми и услови во Планот и Протоколите. Оваа Комисија е составена од претставници од МОН, Министерството за здравство и Канцеларијата на претседателот на Владата, истакнуваат од МОН.

Анкетите се веќе направени и покажуваат огромен интерес за настава со физичко присуство, посебно во скопските гимназии, но властите се категорични дека новата учебна година која е одложена за 1.октомври, ќе започне да се реализира онлајн за сите ученици од 4 одделение и во погорните одделенија и класови, освен онаму каде што ризикот од ширење на корона вирусот е сведен на минимум. Тоа се училишта кои имаат мал број деца и кои ги исполнуваат пропишаните протоколи препорачани од Комисијата за заразни болести. Во меѓувреме, како што ни потенцираа од МОН, Националната платформа за далечинско учење забрзано се подготвува.

-Единствената национална платформа за онлајн-настава веќе е во драфт верзија и наскоро ќе биде презентирана пред јавноста. Таа ќе биде едноставна за употреба и ќе значи дигитализација на образовниот процес. Во моментов се подготвуваат наставници кои ќе бидат мастер-тренери кон другите наставници. Платформата ќе биде алатка што ќе се користи не само во услови на ковид туку и наредните години и ќе значи унапредување на образованието. Платформата ќе биде едноставна, ќе овозможи двонасочна комуникација ученик-наставник и ќе може да се усовршува и доградува, истакнуваа од МОН за Фактор.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање