18 Мај, 2024
0.0275

Во која сојузна држава на САД живеат најмногу милионери?

Објавено во: Свет 18 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Државата, кој се искачува со најмногу позиции во рангирањето на милионерите, не поседува ниту една продавница од луксузните синџири на Tiffany и Saks Fifth Avenue. Најблискиот автосалон на BMW пак е на 6 часа возење од главниот град. Добредојдовте во Северна Дакота . Државата скока со цели 14 позиции на годишната листа на Phoenix Marketing International за дела на американските домаќинства милионери , по глава на жител , пишува Wall Street Journal. Ниту еден сојузна држава не се искачи со толку многу позиции како Северна Дакота . Во 2012 година Северна Дакота  ја заземаше 43 -та позиција - едно место зад Алабама . Минатата година Државата се искачи до 29 -то место - еден чекор понапред  од Флорида . Енергетскиот бум на Северна Дакота , особено во регионот , богат на гас од шкрилци , ја зголеми благосостојбата на државата . Но по се изгледа дека вработените таму тоа  не го покажуваат. "Единствениот начин да препознаеш милионер  во Бизмарк  е неговиот нов камион или ако заминал со жена си на одмор", вели претседателот на трговската комора во главниот град на државата Бизмарк, Келвин Хлет. Според Wall Street Journal  енергетскиот, здравствениот и технолошкиот сектор во државата продолжуваат да се развиваат, на тој начин се зголемуваат и платите на работничката класа. Генерално тоа го зголемува јавниот просперитет во државата. Според податоците на американското Министерство за труд во ноември невработеноста во Северна Дакота била 2,6%. Во 2013 година бројот на  богати домаќинства се зголеми со уште 53 илјади спрема 2012 година. Според податоците на Phoenix домаќинствата милионери низ целата земја се 6,150 милиони. Тоа значи дека едно на секои 20 домаќинства во САД има повеќе од 1 милион долари под форма на инвестициски средства. Треба да се напомене дека во сумата не е вклучена вредноста на имотот на домаќинството. "Големата промена можеби сведочи за фактот дека економското закрепнување во изминатата година беше доста нееднакво", коментира извршниот директор на Phoenix Дејвид Томпсон. "Мејн и Луизијана се државите чии економии ги  доживеаја најголемите пресврти. Додека Невада сеуште ги доживува ефектите на кризата. "

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население