Во кои пет европски земји најмногу се купуваат нови автомобили?
Објавено во: Економија, Свет 16 Декември, 2016
Расте бројот на нови автомобили кои Европејците ги купуваат.
Продажбата на нови автомобили во Шпанија се зголеми во ноември за 13,5%, во Франција за 8,5, Италија 8,2, Велика Британија за 2,9, и Германија за 1,5%.
Продажбата на нови автомобили во Европската унија (ЕУ), скокна за 5,8% во ноември. Тоа најверојатно ќе биде најдобар годишен резултат за регионот во последнава деценија и ќе го надмине рекордот од 2007 година, пишува The Wall Street Journal.
Се проценува дека продажбата на нови автомобили во ЕУ ќе достигне 14,7 милиони единици оваа година, пораст од 7,1% во однос на 2015 година, соопшти италијанскиот истражувачки институт Centro Studi Promotor по објавувањето на податоците за ноември.
Бројот на новорегистрирани автомобили пораснал на 1,15 милиони во ноември од 1,09 милиони во истиот месец лани. Тоа е поради растот во Шпанија, Франција и Италија, според податоците на Здружението на европските произведувачи на автомобили (ACEA), со седиште во Брисел.
Ова ќе биде најдобра година за автомобилскиот пазар во 28-члениот блок од 2007 година, кога потрошувачите купија 15,5 милиони нови возила.
Пазарот на ЕУ претрпе двоен удар на светската финансиска криза, која ја следеа проблеми со суверениот долг, а најтешко погодени беа јужните членки на унијата, Италија и Грција.