27 Април, 2024
0.0285

Во кавадаречките индустриски гиганти ФЕНИ и „Дрекслер маер“ први позитивни на КОВИД-19

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Двајца работници во две фабрики кои вработуваат илјадници луѓе во Кавадарци, се позитивни на коронавирусот. 

Оваа информација за Фактор ја потврдија и од Центарот за јавно здравје на Кавадрци, како и од Општината, од каде уверуваат дека сега нема простор за паника.

Епидемиологот, д-р. Ристе Јовановски, од Центарот за јавно здравје на Кавадарци, вели дека во ФЕНИ позитивен на коронавирусот е 57 годишен работник. 

Тој сега е во домашна изолација, а според д-р. Јовановски, изолирани се и трите лица со кои тој имал контакт.

Од Општина Кавадарци, пак, велат дека работникот од „Дрекселмаер“ кај кого е утврдено присуство на коронавирусот, работел во погоднот Одржување во фабриката.

„Станува збор за мал, изолиран погон, со мал број на работници, кои работат на одржување кое се користи само кога има потреба во фабриката. Значи, тој имал мал број на контакти. Сепак, сите лица со кои бил во контакт, а станува збор и за оние кои со него се превезувале во автобусот, сега се во домашна изолација“, велат од општина Кавадарци. 

Според епидемиологот во Кавадарци, пак, д-р. Јовановски, лицата со кои контактирале и вработениот од ФЕНИ, и оној од „Дрекселмаер“, се во 14-дневна изолација, нивната состојба постојано се следи, немаат ниту еден симптом на болеста, но во случај да се појави и најмал аларм, ќе им се земат брисеви за тестирање. 

„Вработениот во ФЕНИ има лесна клиничка слика. Тој бил на одмор и инфекцијата ја добил од контакт со неговиот 80-годишен татко, кој исто така има лесна клиничка слика. Истата процедура, со следење на здравствената состојба, се применува и кај лицата кои биле во контакт со заразениот од ‚Дрекселмаер'“, вели д-р. Јовановски за Фактор.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, пак, Митко Јанчев, за Фактор вели дека простор за паника воопшто нема. Тој е убеден дека општината ќе го надмине овој проблем.

„Општина Кавадарци формираше и посебно тело, а остави и телефонски број 13 300, на кој сите лица од градот кои се во самоизолација, слободно можат да се јават за сите потреби што ги имаат, по што членовите на ова тело веднаш ќе им ги достават сите потребни прехранбени продукти, лекови, или сите други потреби што ги имаат“, вели Јанчев за Фактор.

Според податоците од Министерството за здравство, во моментов во општина Кавадарци има 12 активни случаи на КОВИД-19.

Инаку, во „Дрекселмаер“ на крајот на 2019 година биле вработени 5.799 вработен, додека, пак, во ФЕНИ, односно Еуроникел индустри, како што сега се вика оваа компанија, на крајот на таа година биле вработени 937 лица. 

А.Б. - Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“