18 Мај, 2024
0.0266

Во Карфур се продаваат колачи со кокаин?!

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Синџирот на продавници Карфур им се извини на своите клиенти во Аргентина, бидејќи, поради несолена шега, на декларацијата било напишано дека еден колач содржи кокаин. Колачите кои се продаваат во продавниците на францускиот синџир супермаркети Карфур во Аргентина , на чија што етикета, меѓу состојките е наведено и "кокаин 12 грама ", предизвика лавина од иронични реакции на социјалните мрежи. Карфур, кој во Аргентина има повеќе од 500 продавници, им се извини на клиентите , изразувајќи жалење за "невкусните шеги " на вработените во францускиот синџир. "Аргентинскиот Карфур сака да ги увери нашите клиенти и да им гарантира дека не постојат никакви необични состојки во колачи кои се продаваат во нашите продавници ", се вели во соопштението на компанијата која веднаш ги отстранила  колачите со инкриминирачки етикети. " Пабло Ескобар сега во рајот , сигурно си мисли: Зошто јас на тоа порано не се сетив", напиша еден корисник на Фејсбук. На телевизискиот канал C5N, водителот 15 минути им ги покажуваше на гледачите колачите со "кокаин ". "Знам дека постојат колачиња со марихуана, но не знаев и за овие со кокаин ", рече тој . "За Карфур кокаинот е легализиран", напиша еден корисник на Твитер. "Ако си купил торта за која се вели дека има 12 грама кокаин , а нема, можете да се жалите и да барате надомест на штета, бидејќи Карфур продава фалсификати ", коментира друг корисник на Твитер. Но, има и емпатични коментари. Всушност, некои корисници на социјалните мрежи се загрижени за судбината на вработениот кој ги залепил спорните етикети, и на тој начин ги насмеал и разведрил, и стравуваат дека тој ќе биде отпуштен од работа. А.А.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата