Во ГОБ „8 Септември“ 120 пациенти, на Инфективна 84 - се полнат одделенијата во внатрешноста
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020
Се пополнуваат капацитетите во болниците во земјава.
Според податоците од установите, на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле заклучно со вчера беа хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и пет деца позитивни и сомнителни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово,
Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95
пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.