18 Мај, 2024
0.0328

ВО ФЕВРУАРИ НЕМА МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Со првите дози ќе бидат вакцинирани само оние кои се на приоритетната листа

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Нервоза, нетрпение, разочараност, лутина. Граѓаните во земјава сè повеќе негодуваат за испораката на вакцините против Ковид-19. Некои со нетрпение ги очекуваат, прашувајќи се во која група граѓани се и кога би стигнале на ред да ја примат долгоочекуваната вакцина. За некои од клучните прашања Фактор се обрати до Министерството за здравство од каде не дадоа конкретни информации за тоа кога точно ќе пристигнат првите вакцни од Фајзер, како и дозите од кинескиот производител Синофарм, со оглед на фактот дека и двете вакцини се најавени токму за во февруари. Фактор истовремено праша до каде е процедурата со 8.000 дози од Фајзер кои треба да пристигнат од Србија, односно дали некаде заглави постапката со оваа испорака, а од Министерството за здравство ни одговорија дека тоа секако ќе се случи во текот на месецов, но дека со првите пратки нема да почне масовната вакцинација, туку само ќе се спроведе првата фаза од Националната стратегија за имунизацијата против корона вирусот.

- Министерството за здравство почнувајќи од месец февруари очекува сукцесивна испорака на дози вакцини протви Ковид 19, од производителот Фајзер и испорака на вакцините Синофарм. Распоредот на Ковакс механзимот со прецизни достави по количини и рокови го очекуваме по што ќе излеземе со детали во јавноста. Во месец февруари нема да има масовни вакцинации, туку прецизно организиран процес на вакцинација, односно ќе ја спроведеме првата фаза од Националната стратегија за ковид имунизација, велат од Министерството за здравство.

Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против Ковид-19 ќе се спроведе во три фази.

Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

Во втората фаза, предвидено е да се вакцинираат групите на постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход кои не се опфатени во фаза I, лица на возраст од 65 години и постари. Во планот за вакцинација, опфатени се и лицата на возраст од 20-65 години со коморбидитети или здравствени состојби детерминирани како значително висок ризик за стекнување на тешка болест, компликации или смртен исход. Понатаму, здравствени работници со умерен ризик да стекнат и пренесат инфекција, вработени во витални институции за нормално функционирање на општеството, како и вработени во образовни институции вклучени во настава со физичко присуство и вработени во детски градинки.

Во третата фаза, опфатени за вакцинација се приоритетните групи: останати есенцијални работни места за нормално функционирање на општеството, останати вработени во образование (основно, средно и високо), социјалните групи со зголемен ризик од стекнување и пренесување на инфекција затоа што не се во состојба да одржуваат физичка дистанца, здравствените работници со низок ризик да стекнат и пренесат инфекција и здравите лица на возраст од 30-64 години.

Министерот за здравство, Венко Филипче викендов истакна дека веќе е направен списокот со име и презиме на 14.000 луѓе, кои ќе бидат повикувани само преку матичните лекари преку системот „Мој Термин“.Приоритет секако се здравствените работници кои  ќе ги примаат вакцините во Клиничкиот центар во еден пункт, а во останатите градови во здравствените домови таму кадешто се аплицираат вакцините.

Во однос на тоа дали евентуално би се менувале некои од превентивните мерки, конкретно дали по појавата на т.н. британски сој во Македонија, Министерството за здравство би препорачало заштита на граѓаните само со специјализирани маски, како по примерот на некои до европските земји каде сега во употреба се само оние со висок степен на заштита-N95, KN95 или FFP2, оттаму велат дека состојбата се следи и се дејствува согласно потребите.

- Комисијата за заразни болести ја прати состојбата со коронавирусот во земјава и во регионот и врз основа на проценка дејствува соодветно на потребите. Во однос на новиот сој на вирусот, она што досега го знаеме е дека истиот има забрзан начин на ширење помеѓу граѓаните, а доколку се установи потреба при масовно проширување на овој или друг вид на вирусот ќе се преземат дополнителни мерки со цел да се зачува колективното здравје на граѓаните, посочуваат од Министерството за здравство за Фактор.

Инаку, според досегашните изјави на еминенти имунолози, епидемиолози и други експерти, актуелните вакцини од сите производители се ефикасни и против новите соеви на корона вирусот. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување