16 Мај, 2024
0.0340

ВО ЕК НА ЛЕТНИ ОДМОРИ: Директорски реизбор во скопските гимназии!

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Неколку средни училишта во Скопје во ек на летни одмори објавуваат конкурси за избор на директори. Според дел од професорите ова се прави за да се бетонираат позициите на старо-новите кадри кои раководат со училиштата, а кои со години биле  верни послушници на минатата власт. Професорот Душко Стојановски од гимназијата “Орце Николов” вели дека училиштето со години има в.д директорка, Сунчица Поповска, која иако си поднела оставка од директорската позиција, градоначалникот Коце Трајановски ја назначил за в.д директор. Сега, додава професорот Стојановски, без целосна консултација на родителскиот и наставничкиот совет,  градските власти брзаат пред локалните избори да ги реизберат директорите и да си обезбедат свои кадри на директорските места.

Вaквата состојба како што вели професорот треба да им помогне во притисокот врз наставниците, родителите и учениците за локалните избори закажани за октомври.

“Гимназијата Орце Николов е средно училиште, институција која е дел од Град Скопје, значи-  нешто што е финансирано од градот, од граѓаните. Градските власти и градоначалникот Трајановски  со своите пиуни во училиштата се  однесуваат како училиштата да се нивна сопственост или наследство од нивните дедовци и можат да прават што сакаат. Си играат со законот. Повикувајќи се на некаква законска одредба пред истекот на мандатот на директорите,  среде летни одмори, распишуваат конкурси и  именуваат директори. Постапката не е транспарентна, се случува во тесни кругови, без консултација и без информација. Се објавуваат конкурси во време на летни однмори, ниту професорите се со целосна концентрација за да можат да забележат што се прави, ниту кандидатите  ќе може да се пријават. Поради летните одмори не можеме да се консултираме ниту со родителите. Тие се важен сегмент во изборот на директор бидејќи се членови на родителскиот совет. За еден од родителите, член во одборот сигурно знам дека не е консултиран”- објаснува професорот Стојановски.

Според него, судејќи според досегашната пракса, врз родителите најлесно се правел притисок преку оценките на нивните деца, а со тој  механизам  лесно се влијаело и врз учениците.

“Тоа се користи на мала врата да се протне изборот односно реизборот за директори на училишта. Тие насетија дека МОН и новата министерка сериозно почнаа да работат, прават анализи на сите аномалии во образовниот систем, се формираат работни групи кои работат на новите законски решенија за основно, средно и високо образование кој треба да биде готов до крајот на летото. За новите закони ќе има расправа и во Собранието и очекувам образованието да се разгледува во неговата вистинска смисла на зборот, а не како поле на кое ќе создаваме послушници, каде ќе се изживуваат врз неистомислениците  и насилството ќе биде во преден план. Со новите закони треба да се почитува ученикот и наставникот”-потенцира професорот Стојановски.

Слична е вели состојбата и во другите училишта. Скоро сите скопски гимназии во кои мандатите на директорите се при крај сакале  да спроведат избор на директори, особено пред локалните избори. Интересен е  вели случајот со гимназијата “Орце Николов” во која како што вели безмалку го поминал целиот работен век.

“Градоначалникот Коце Трајановски ја назначи директорката на гимназијата за в.д директор, а таа си поднесе оставка. Нема информација како се случи тоа, не е информиран ниту училишниот одбор ниту пак професорите”- нагласува Стојановски.

Децениското влијание на претходната власт која со партиски вработувања и притисоци успеа да создаде гласачка машинерија и послушност во образовниот систем, според Стојановски мора да престане. Наставниот кадар како што вели мора да почне да ги почитува законите и моралните правила и вредности во системот.

“Многу директори на средни училишта мораа по десет од членовите на колективите да водат со себе на протестите па дури и учествуваа протестите, во насилствата во Собранието на крвавиот четврток. Ги има и на видео снимките. Најголемата болка е што воспитно-образовна установа која треба да ги учи идните генерации ученици на животни вредности, всушност им покажува дека насилството е животна вредност и со насилство може да постигнеш се. Јас ги прашувам: Дали разбираат и знааат што е тоа патриотизам?  Тоа е љубов кон својата татковина. Зборот љубов не содржи ниту грам насилство, насилство и љубов немаат заедничка точка. Патриотизам е да почитуваш, да шириш добрина, да гледаш насмеани лица, а тоа последниве години беше тешко да се види”-  порачува професорот Стојановски. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното