27 Април, 2024
0.0296

Внукот на екс поглаварот на ИВЗ заработи кривична пријава за пукањето кај Матка

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

За пукањето кај Матка што се случи на 9 мај седум лица заработија кривични пријави, меѓу кои и внукот на сега екс поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, против М.С.(40), Ќ.С.(23), М.С.(47), И.С.(25), Р.И.(24), Б.Е.(32) и В.К.(24), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

Како што е познато, лицето М.С. е всушност М. Сулејмани, за кое дел од медиумите јавувија дека е внук на разрешениот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Инцидентот се случи попладнето на 9 мај, кај кањонот Матка, при што имало и пукање, а бил поради расправија за движењето на чамците за туристи кон пештарата. Во настанот беа вклучени две групи на сопственици на вакви чамци.

„На 09.05.2020 околу 15.10 часот пријавените пристигнале на платформата за чамци во кањон Матка во сопственост на А.С.(40), С.С.(41) и С.С.(31), сите од Скопје. Веднаш потоа, првопријавениот физички го нападнал А.С., додека четвртопријавениот со нож му се заканувал. Потоа, второпријавениот физички го нападнал С.С.(31). Во тој момент се вмешал полициски службеник, кој се обидел да ги раздели и да ја смири ситуацијата, но првопријавениот од пиштол за светлосно – звучна сигнализација испукал еден проектил кон оштетениот А.С.“, се вели во соопштението од МВР. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“