06 Мај, 2024
0.0269

ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ СЕ ПРИКЛУЧИ НА БЕСА: Лимани - да ја урнеме оваа власт и корупцијата

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Поранешниот заменик-директор на ЕСМ Фатмир Лимани, денеска се приклучи кон партијата Беса заедно со својата политичка структура.

Биљал Касами, претседател на Движењето Беса на денешната прес-конференција на која го официјализираше приклучувањето на Фатмир Лимани кон Движењето Беса, истакна дека партијата отвора голема врата за сите оние кои сакаат да направат промена.

– За нас е чест и почит што еден национален деец како Фатмир Лимани да стане дел од Движењето Беса. Движењето Беса е во историски момент и нашата кауза која ја градиме денеска заедно со Фатмир  Лимани, но и со многу други личности кои се очекува да ни се придружат до Конгресот, се важен сигнал дека Движењето Беса ја отвора големата врата за сите од нив кои сакаат да направат промена. Битката за праведна и рамноправна држава, за држава со нулта толеранција на криминалот и корупцијата и долгорочна стратегија за економско закрепнување што ќе ја осигури иднината на младите овде во државата, ќе бидат главни столбови на кои ќе се залага политиката на Движењето Беса, рече Касами.

Ќе дојдеме, дополни тој, со конкретни политички иновации и понуди давајќи шанса за интеракција со сите опозициски политички сили, без разлика дали се тоа партии, невладини организации или професионалци од академската и деловната сфера, со единствена цел да ја урнеме оваа власт која ja сврте државата во арена каде што се купуваат пратеници, каде што ја искривуваат  волјата на народот, каде криминалот и корупцијата стануваат составен дел од општеството.

Фатмир Лимани истакна дека неговата цел за приклучувањето кон Движењето Беса не е градење политичка кариера, туку создавање нова генерација политичари каде професионалноста ќе биде клучот за подигање и развој на нивните кариери.

– Наша заедничка кауза со Движењето Беса ќе биде бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, еден од најголемите феномени и неуспеси на постоечката власт. Овие се фактите и причините што странските инвеститори ја избегнуваат нашата земја и на овој начин отворајќи го патот  младите ги напуштаат своите родни места. Потребно е градење на долгорочна стратегија за економско закрепнување и развој со што ќе им овозможиме на нашите млади да ја планираат својата иднина во својата татковина. Сето тоа преку отворање на нови работни места во приватниот сектор, но и елиминирање на целата државна бирократија која води кон мотивација на корупција и заминување на инвеститорите од нашата земја, рече Лимани.

Лимани, кој е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, минатата година ги напушти „интегративците“ и се кандидираше за градоначалник на Кичево, освојувајќи близу 5.000 гласови


Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран