ВНИМАВАЈТЕ: Поради овие непрофесионални навики може да „летате“ од работа!
Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2017
Наоѓањето на работа во денешно време е тежок процес, задржувањето на истата- уште потежок. Десетици кандидати чекаат на вратата и дури и да направите мала грешка, може некој од нив да ве замени. За да ги ограничите камењата ве сопкаат, елиминирајте ги старите навики кои можат да бидат дефинирани како непрофесионални. Еве кои се тие според Business Insider.
1. Мрзливи сте и никогаш не го уредувате бирото
2. Не се подготвувате однапред за оперативки и состаноци.
3. Постојано се обидувате да бидете забележани.
4. Излегувате на цигара на секој половина час.
5. Не ја почитувате добрата лична хигиена.
6. Често доцните.
7. Дремете на социјалните мрежи во работно време.
8. Се облекувате несоодветно - или премногу небрежно, или премногу формално.
9. Зборувате без претходно да сте размисиле што ќе кажете.
10. Се однесувате премногу непристојно со колегите и шефовите.
11. Имате илјади претензии.
12. Ги занимавате сите со детали од личниот живот.
14. Често се потсмевате
15. Ги прекинувате соговорниците пред да ја завршиле изјавата.
16. Не им помагате на другите, кога имаат потреба од тоа, си гледате само за себе.