18 Мај, 2024
0.0307

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека случајот со охридскиот градоначалник е фабрикуван, се огласи и Пецаков

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека случајот со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков е фабрикуван, а Пецаков ќе покрене постапки за клевета. 

Откако од СДСМ изјавија дека однесувањето на Пецаков било скандалозно и крајно неодговорно и побараа одговорност, од ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција дека случајот е фабрикуван. Велат, ќе има одговорност за клевети. Од партијата додаваат дека градоначалникот Пецаков се тестирал на 19 јануари поради патување, а се изолирал веднаш откако го добил резултатот.

Додаваат дека два дена по првиот тест, градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен. И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози, додаваат од партијата. 

СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е крив. Ова е истото СДСМ, чиј што претседател Заев и министер Филипче преговараа за провизии од вакцини, на кои луѓе им умираа за кислород, им се палеа болници и луѓе живи гореа“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Претходно, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција побара Пецаков да одговара за непочитување на протоколите и свесно ширење зараза, а го повика и лидерот на партијата Христијан Мицкоски да даде одговор дали ќе побара одговорност од градоначалникот.

Пецаков вели дека ја следел провладина хајка и разглобувањето до најситните детали околу неговото тестирање за ковид, надополнето со многу политика.

„Веројатно тезата „Наќе е крив” сега е заменето со акцијата „Пецак е крив”, а сето ова само тие од власта да не бидат криви на кои им се случи геноцид на народот поради неспособност во справувањето со ковид заразата“, пишува тој на Фејсбук. 

Вели дека или станува збор за грешка во тестирањето или пак кујните на власта по своја потреба тоа така го фабрикувале. 

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци