27 Април, 2024
0.0287

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поради „реформите“ нема датум, а СДСМ ветува дека двојно ќе работи

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Двете најголеми партии имаат различни ставови зошто е потребно да има избори. 

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните веќе не му веруваат на премиерот Зоран Заев.

Наведуваат дека „вистинските“ реформи на СДСМ ја оставија Македонија без датум за преговори. 

„Време е сега да се стави крај на „вистинските“ реформи на Зоран Заев и неговите пајташи“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на утринското соопштение на СДСМ.

Од реформи, според партијата на Христијан Мицкоски, граѓаните видоа само криминал, рекет, и продавање на национални интереси.

„Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат единствена шанса за обнова на Македонија. Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев, не му веруваат на СДСМ и нивните лаги и манипулации. Време е за реформи, вистински реформи, политичари кои ќе работат за доброто на граѓаните на Република Македонија. Доаѓа време за обнова на Македонија“, се додава во реакцијата.

Oд СДСМ тврдат дека Европската унија направи историска грешка и тоа беше порака на највисоките претставници на ЕУ. 

„Таквата неправда нема да го поколеба општеството, државата, институциите. Напротив, ќе работиме двојно повеќе за европските вредности, стандарди и реформи да ги донесеме тука. Европскиот сон на македонскиот народ, како и на Албанците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата земја – нема да биде срушен. Затоа е потребно организирање на брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може. Избори на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат на демократски и европски вредности, патот на развој и просперитет, патот што води напред или а одиме по мрачниот пат на изолација, национализам, поделби и конфликти, односно патот што води назад. Нема дилеми дека граѓаните уште еднаш ќе ја обезбедат иднината и ќе ги поразат политиките на поделби, деструкција и неодговорно однесување“, додаваат од СДСМ. 

Граѓаните се приклучуваат на правиот пат, патот на раст и развој, интеграција, повисоки плати и повисок животен стандард за сите, велат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“