18 Мај, 2024
0.0301

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е однародена партија

Објавено во: Македонија 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ е цврсто решен својата фактура да ја плати со распродажба на највисоките национални и државни интереси.  

СДСМ е однародена партија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Стотици илјади граѓани секојдневно им порачуваат дека е почесно да ги одлежат затворските казни што ги чекаат за криминалот отколку да извршат предавство. Цената на фактурата СДСМ може да си ја плати со криминално стекнатиот имот на нивното раководство. Цената за Тиранската платформа криминалецот Заев може да ја плаќа со становите на Шилегов, колите на Богоев и јахтите на Шекеринска. СДСМ е на спротивна страна од народот. СДСМ гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината. Долговите кои криминалецот Заев ги има заради барањето поткуп и незаконскиот обрт на стотици милиони евра преку фирмите на неговиот клан се негови долгови кон тие што го штитат за криминалот, а не долгови на народот. Сервилниот однос кон сите што го негираат македонскиот идентитет и предавничкото молчење и прифаќање на тиранската платформа е проблем на криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него, а не на народот“ - соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, единствен излез од оваа ситуација се нови парламентарни избори. 

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување