26 Април, 2024
0.0297

ВМРО-ДПМНЕ ОСТРО: „Амбасадата на САД да го објасни ставот за изборите„!

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, на екс премиерот Никола Груевски во остар тон вчера побара од Амбасадата на САД да го објасни ставот со кој се бара Македонија што поскоро да формира нова влада, наместо да оди на нови избори.

Тоа, спрема толкувањето на ВМРО-ДПМНЕ, значи дека Американците поддржуваат влада која би ја формирала опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Амбасадата на САД да разјасни дали нивниот став значи порака да нема нови избори, соопштуваат од таа партија, која во преговорите со албанската ДУИ, не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство и да формира влада.

ВМРО-ДПМНЕ претходно побара објаснување од Европската комисија која смета дека Македонија наместо нови избори, новата влада би требало да ја формира по принципот „најширока можна коалиција“.

Ставот на ВМРО ДПМНЕ  и лидерот Груевски е дека новите избори се единствена опција за излез на Македонија од политичката криза и избегнување на судири и поделби.

Од друга страна, лидерот на СДСМ , одржа состаноци со амбасадорите на Германија, Шведска и Полска, на кои им посочи дека Македонија има потреба да тргне напред и ги запознал со преговорите кои ги води со албанските партии за формирање на владеачка коалиција и можности за формирање на влада.

Истовремено, ДУИ го прекина маратонското заседание на партиското Претседателство, кое траеше во текот на минатиот викенд, а нивните наредни чекори се целосно неизвесни.

Инаку, денеска претставници на партиите ќе се сретнат на одвоени консултации со претседателот Иванов.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот