02 Мај, 2024
0.0247

ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ ДЕКА НАШЛЕ ПОЕВТИН ГАС И МАЗУТ - заштедите за земјава би биле до 300 милиони евра

Објавено во: Економија 29 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот брифинг со новинарите објави дека неговата партија преку контакти во Западна Европа пронашле поевтини количини на мазут и природен гас, но бара Владата да реагира најдоцна за една недела.

- Од Западна Европа пронајдовме мазут за ТЕЦ Неготино кој ќе може да обезбеди од 160 до 180 мегавати моќност, но електричната енергија да му се отстапи на бизнисот. Мазутот ќе биде за 200 евра поевтин по тон и заштедите ќе бидат 40 милиони евра, сублимира Мицкоски.  

Гасот кој би се обезбедил ќе биде од Гаспром, но ќе биде доведен од швајцарски, германски и чешки компании, кои според Мицкоски, се подготвени да помогнат.

- Можеме да договориме 250 милиони нормални метри кубн гас за централата ТЕ-ТО. Цената на гасот би била нешто повеќе од 200 евра. Инаку, во мометов за гасот што Владата го преговара со Србија треба да платиме повеќе од 700 евра, тврди Мицкоски.

Вкупните заштеди доколку се прифати понудата на Вмро ДПМНЕ, според пресметките на Мицкоски, би биле 300 милиони евра.

А. К. 

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?