17 Мај, 2024
0.0387

ВМРО-ДПМНЕ: Издадени 10 лиценци за одгледување на канабис пред Заев да даде оставка

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција обвини дека Владата одобрила десет лиценци за одгледување на канабис за медицински цели во период од само неколку дена пред премиерот Зоран Заев да си даде оставка на 3 јануари.

„Дополнително, документите покажуваат дека до последниот ден како премиер Зоран Заев делел лиценци за производство на марихуана. За само два дена во месец декември, а на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана. Значи 10 нови лиценци, набрзина се доделени на компании кои се поврзуваат токму со Зоран Заев“, рече Игор Јанушев, генералниот секретар на најголемата опозициска партија.

Тој најави дека деталите на компаниите ќе бидат објавени во следниот период, а бизнисмените наводно под рекет на СДСМ биле принудени да ги купат лиценците од Владата за кеш пари.

„Втора работа, која кружи низ кулоарите на бизнисмените, е дали е точно дека цената на една лиценца на Владата на СДСМ и на Заев чини околу 300.000 до 500.000 евра кои се плаќаат директно на рака кај луѓе блиски до власта? За се ова институциите молчат и по принципот сврти ја главата на другата страна, се прават како да не се случува бидејќи се под директни инструкции на фамилијата Заеви и СДСМ“, рече Јанушев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е мотивот на владеачката партија во Собранието да се изгласа законот за опојни дроги, додека како што велат од таму, во позадина се работи за нешто сосема друго.

„Овде се работи за милиони и создавање на силна канабис рекет машинерија. Аферата Канабис милионите на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана. Веднаш да потенцирам и да ги расчистиме дилемите, ВМРО-ДПМНЕ не кочи закони во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи закони кои се од личен интерес на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ во 2016-тата година го донесе законот за одгледување на канабис за медицински цели и Република Македонија беше единствена држава во Европа заедно со Холандија, но со јасно дефинирани одредби, и високи критериуми кои мора да се исполнат, а не земјава да се претвори во оаза за канабис за милионите на Заев“, изјави Јанушев.

Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, само во 2019 година Владата има издадено 31 лиценца за одгледување на канабис, а околу 20-тина нови лиценци се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат. Во истиот период исто така се издадени дополнително 2 лиценци за екстракција на канабис. 

„Внимавајте, според нашите информации, најголем дел од овие 31 лиценца во 2019 година, се издадени според непостоечки закон, односно се незаконски. Овие фирми имаат елаборати во кои јасно пишува дека ќе извезуваат произведен сув цвет од канабис, што практично и не е возможно согласно постоечкиот закон, каде што извоз на канабис е возможен доколку е завршена екстракција“, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање