17 Мај, 2024
0.0290

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимовски е партиски функционер на СДСМ

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Марко Бислимовски не е независен и професионален. 

Додаваат дека тој е партиски функционер на СДСМ, кој ги исполнува барањата и желбите на премиерот Зоран Заев.

„Бислимовски во 2011 година бил избран за член на Економско-социјалниот Совет на СДСМ, партиски орган и комисија. Бислимовски е партиско лице, и од таму не може да биде независен експерт кој ќе ги претставува граѓаните, туку партиски функционер кој се грижи за бизнис интересите на Заеви“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат дека Марко Бислимовски го крши законот за енергетика и чл. 17 ст. 5 од истиот, кој е дециден дека претседателот на Регулаторната комисија за енергетика не смее да биде функционер во политичка партија. 

ВМРО -ДПМНЕ оваа недела организираше два протести против поскапувањето на електричната енергија од 7.5 отсто. 

Повеќе протести досега организираа и граѓанските здруженија. Се протестираше и во внатрешноста на Македонија. 

Регулаторната комисија за енергетика ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава во врска со последните случувања во земјава поврзани со нејзината одлука од 21 јули годинава за зголемување на цената на струјата, односно за одобрување на регулираниот максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачи, кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.

По донесувањето на Одлука повремено се одржуваат протести во организација на собири на здруженија и граѓани, кои за РКЕ се легитимни, но протестот организиран од страна на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ која бара укинување на одлуката е директен притисок врз нашата работа, велат регулаторите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање