Владимир Здравев нов член на Одборот на Директори на Телеком
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2015
На денешната седница на Македонски Телеком беа избрани двајца нови членови кои ќе бидат дел од Одборот на Директори.
Новите измени во Друштвото на Македонски Телеком доаѓаат по оставката на Мелинда Модок, а Владимир Здравев и Андреа Шаги се членовите кои настапуваат на сцена.
Нивниот мандат ќе има важност од 4 години и стапува на сила од денес.