18 Мај, 2024
0.0486

Владата за три години треба да врати близу милијарда евра, а планира да се задолжи со 1,7 милијарди евра

Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Владата во следните три години треба да врати долг од близу една милијарда евра, а истовремено планира да се задолжи за 1,7 милијарди евра, покажува најновата Фискална стратегија на Министерството за финансии. Со тоа, јавниот долг на земјава до 2019 година Министерството за финансии планира да достигне 56% од БДП.

Односно, податоците од оваа најнова Фискалната стратегија покажуваат дека во следните три години земјава ќе треба да врати сума од 904 милиони евра, од која поголемиот дел треба да се отплатат кон домашните кредитори, а останатиот кон странските.

За да ги отплати овие долгови и да го финансира буџетскиот дефицит, кој за следните три години е планирано да изнесува 820 милиони евра, Владата од домашните и странските пазари планира да позајми сума 1,7 милијарди евра, при што поголемиот дел односно 876 милиони евра ќе ги позајми од домашниот пазар, а останатиот од странските пазари.  

Со сите овие податоци, Министерството за финансии во Фискалната стартегија пресметало дека јавниот долг до 2019 година година ќе изнесува 56 % од БДП.  

Ваквите проекции доаѓаат и покрај препораките на Светска банка и на ММФ дека за земји во развој како Македонија, јавниот долг не би требало да ја надминува границата од 50% од БДП. А, дел од економистите сметаат дека натамошното задолжување на странските пазари за земјава може да ја чини скапо во услови кога и дел од кредитните агенции го намалија кредитниот рејтинг на земјава.

Сепак, во самата Фискална стратегија е наведено дека во следните три години се планира фискална консолидација, односно намалување  на буџетскиот дефицит, така што до 2019 година ќе биде сведен на 2,2 % од БДП.

„Во 2018 е планиран да изнесува 2,6% од БДП,а догодина да изнесува 3% од БДП“,се наведува во фискалната стратегија. 

Но, дел од економистите, како и меѓународните финансиски институции веќе и забележаа на власта дека и претходно посочуваше дека ќе започне со фискалната консолидација, но тоа не се случуваше, а дефицитите постојано се пробиваат. Па така дел од нив сметаат дека и планираниот дефицит од 3%  за следната година, ќе биде поголем затоа што се посочува дека и самиот буџет е нереален, а приходите се вештачки надувани.

Во Фискалната стратегија, е наведено дека странското задолжување како извор на финансирање ќе се користи и од страна на буџетските корисници за реализација на конкретни проекти.

А додека во однос на задолжувањето на домашниот пазари во наредниот период ќе продолжи со издавање на државните хартии од вредност, но ќе се издаваат повеќе долгорочни хартии од вредност. Односно планирано е најмалку четири пати годишно да се издаваат државни обврзници од десет и петнаесет години, а тие од две, три и пет години да бидат на редовна основа.

„ Особен интерес за вложување во долгорочните хартии од вредност издадени од Република Македонија се очекува од пензиските друштва, како и од комерцијалните банки и осигурителните компании, се наведува во Фискалната стратегија.

Македонија годинава издаде еврообвврзница од 450 милиони евра, а веќе за следната година во буџетот е најавена нова. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат