20 Ноември, 2019
0.0209

Владата се откажува од данокот на најголемиот должник во државата

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2019


Има ли оправдување на одлуката на Владата да и го „прости“ даночниот долг на ТЕ-ТО и на таков начин да и помогне да остане да произведува и да работи и покрај тоа што станува збор за фирма која е под истрага за перење пари. Надлежните институции во следниот период ќе треба да ги оценуваат постапките со кои самата Влада толерира должник кој е под сомнение дека предизвикал лажен стечај, но дотогаш ТЕ-ТО нема да треба да ги плати тие 16 милиони евра кои сега и ги должи на Управата за јавни приходи. Од Владата за Фактор велат дека формата на државна помош која и е доделена на ТЕ-ТО, а за која веќе пишувавме е одложување на даночниот долг на фирмата кој УЈП. Во моментов и Обвинителството за организиран криминал и корупција води истрага за предметот и е пред носење обвинителска одлука.

„Согласно Законот за државна помош Владата донесе одлука за одложување на плаќањето на даночниот долг. Станува збор за единствен објект кој произведува електрична енергија од природен гас, не влијае на загадувањето, допринесува за поголем БДП на државата како и за подобрување на енергетската сигурност. Во интерес на државата е објектот да работи без запирање, велат од Владата за Фактор.

Одлуката е донесена на 160 владина седница, а примерок од склучениот Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, во рок од 8 дена ќе се достави до Министерство за финансии и Управата за јавни приходи.

Од Владата објаснуваат дека и укажале на Комисијата за заштита на конкуренцијата да постапи по Законот за контрола на државната помош и во рок од 30 дена, до Владата да достави соодветна предлог-уредба.

Фактор се обиде да стапи во контакт со Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција кој во јуни година поднесе пријави до директорот, нотар и стечаен судија за случајот ТЕ-ТО за лажен стечај и перење пари, но не го добивме. 

Пријавите се за сомнеж за лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал. Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра. Финансиската полиција потврди дека на ваков начин на Топлификација и е нанесена штета од над 720 милиони денари, а првичните реакции од Топлификација, акционер во ТЕ-ТО, сега се дека Владата е селективна. Се соменваат дека доделувањето ваква државна помош има основи за нови тужби.

Инаку ТЕ-ТО е најголем должник моментно во државата и на УЈП и должи 16 милиони евра. Во текот на планот за реорганизација по стечајот, компанијата избриша 150 милиони евра од побарувањата на доверители кои после беа впишани како добивка. Така компанијата и покрај тоа што беше во стечај, оствари добивка, сега данокот на добивката не го плати, а државата и го одложува во време кога Обвинителството за организиран криминал и корупција води истрага и е пред подигнување на обвинение.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Сашо Димитријоски „преживеа“ како директор на АЕК

Сашо Димитријоски „преживеа“ како директор на АЕК

НАТО, НИЕ И 5Г ТЕХНОЛОГИЈАТА - како Македонија ќе се справи со предизвикот

НАТО, НИЕ И 5Г ТЕХНОЛОГИЈАТА - како Македонија ќе се справи со предизвикот

Гошев: Oвој буџет нема приоритети

Гошев: Oвој буџет нема приоритети

Власта очекува невработеноста идната година да падне на 16 отсто

Власта очекува невработеноста идната година да падне на 16 отсто

Колку пари ќе се потрошат за реконструкција на патишта во 80 општини?

Колку пари ќе се потрошат за реконструкција на патишта во 80 општини?

НОВИНА ВО ЗAКОНОТ: Се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ

НОВИНА ВО ЗAКОНОТ: Се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ

ПЛАТИТЕ ПОРАСНАЛЕ: Најмногу заработуваат програмерите

ПЛАТИТЕ ПОРАСНАЛЕ: Најмногу заработуваат програмерите

Бизнисмените и Владата ќе креираат амбиент за поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии

Бизнисмените и Владата ќе креираат амбиент за поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии

Во земјава 12 отсто граѓани немаат ниту за храна

Во земјава 12 отсто граѓани немаат ниту за храна